Федерер ја почна својата можеби последна сезона

Роџер Федерер со лесна и брза победа од 6-1, 6-1 против Камерон Нори во меч од Хопман купот, ја отвори сезоната која можеби ќе му биде и последна во кариерата. Актуелниот светски рекет број 3, на Хопман купот во Перт, со Белинда Бенчиќ ќе се обидат на Швајцарија да ѝ донесат титула.

Федерер е еден од најдобрите тенисери во историјата, рекордер е по бројот на гренд-слем титули и поминати недели на првото место на АТП листата, му фали уште еден освоен АТП турнир за да стане првиот со 100 трофеи, но има веќе 37 години и размислува за пензионирање по завршувањето на настапите во 2019 година.

„Ќе видиме дали ќе играм и во 2020. Навистина не можам уште отсега да одговорам. Сигурно е дека ќе играм до крајот на 2019, тоа ми е планот, а потоа ќе видиме. Ќе разговарам со моите соработници и тренери, па ќе одлучам што понатаму. Горд сум што и на 37 години, уште сум во добра натпреварувачка форма“ – рече Федерер кој и во 2019 ќе внимава добро на календарот и изборот на турнири на кои ќе учествува.

- Оглас -

Најнови вести