Федерер: Јас сум Меси, а Надал е Кристијано Роналдо

Славниот швајцарски тенисер Роџер Федерер изјави дека е зачуден зошто често го споредуваат со фудбалерот Лионел Меси. Колегата Андреј Рублев исто така кажа дека Федерер личи на Меси веројатно поради уметноста и елеганцијата со која го игра својот спорт. Од друга страна, за Рафа Надал се вели дека мрази да губи и со напорна работа се држи на врвот, слично како Кристијано Роналдо.

„Сум чул дека јас сум бил како Меси, а Рафаел Надал како Кристијано Роналдо. Двајцата се неверојатни и секој на свој начин оставија свои траги во фудбалот. Луѓето ме споредуваат со Меси, не знам зошто“, вели Федерер.

Федерер додава дека популарноста има позитивни и негативни работи, но повеќе се позитивните.

„Кога сте Роџер Федерер, не можете да живеете нормален живот, но јас знам од каде сум дошол. Моите родители правилно ме одгледаа и благодарен сум им за тоа“, додаде Швајцарецот.

- Оглас -

Најнови вести