Федерер ќе игра на ОИ 2020

Роџер Федерер, еден од најдобрите тенисери на сите времиња, според многумина и најдобар, потврди дека ќе ја претставува Швајцарија на летните Олимписки игри кои во 2020 година ќе се одржат во Токио. По долго размислување, Федерер смета дека меѓу двата Гренд слема би било добро за него да се појави во јапонската метропола, иако дотогаш ќе има речиси полни 39 години.

„Во текот на изминатите неколку недели разговарав со мојот тим што би правеле меѓу Вимблдон и ОП на САД. На крајот, срцето одлучи дека треба повторно да се појавам на ОИ“, истакна Федерер.

Федерер има два олимписки медали во својата кариера. Во 2008 година го освои златото во Пекинг во двојки заедно со Стен Вавринка, додека четири години подоцна во Лондон во сингл го освои сребрениот медал откако загуби од Енди Мареј во финалето.

- Оглас -

Најнови вести