ПСЖ и Баерн Минхен го одиграа најдобриот меч во историјата на Лига на шампиони (Видео)

Пари Сен Жермен и Баерн Минхен одиграа меч за аналите на Лига на шампиони, откако првиот дуел од полуфиналето во елитното натпреварување на УЕФА заврши со победа на домашниот тим од 5:4. Иако нема точно мерило, ова е можеби најдобриот меч во историјата на Лига на шампиони.

Шоуто со погодоци започна во 17 минута кога Хари Кејн погоди од пенал за водство на Баерн. ПСЖ брзо возврати и преку Кварацкелија и Невес стигна до предност од 2:1. Потоа следуваше погодокот на Олисе за 2:2, но во последните моменти од првото полувреме, по ВАР проверка беше досуден пенал за ПСЖ, кој го реализираше Дембеле за водство на Светците од 3:2 по првото полувреме. Сите пет погодоци од првото полувреме може да ги видите ТУКА.

Спектаклот продолжи и во вториот дел и тоа со два погодоци за домаќините. Во 56 минута Кварацкелија со својот втор погодок зголеми на 4:2 за ПСЖ и тој погодок може да го видите ТУКА.

Едвај 100-тина секунди поминаа од погодокот на Кварацкелија, а ПСЖ пак се радуваше. Следуваше вториот погодок и за Дембеле, за убедлива предност од 5:2 во корист на актуелниот европски првак. Овој погодок може да го видите ТУКА.

Делуваше дека Баерн е во нокаут, но не беше така. Германскиот гигант уште еднаш покажа дека може да се врати во најтешките моменти. Упамекано во 63 минута погоди за 5:3 и овој погодок може да го видите ТУКА.

Само три минути подоцна, нов погодок за Баерн, а стрелец беше Луис Дијас за 5:4 во 68 минута, што беше нереално за многумина. Деветиот погодок на овој меч може да го видите ТУКА.

Реваншот меѓу ПСЖ и Баерн ќе се игра следната среда во Минхен на „Алијанц Арена“.

Утре се игра првиот меч од второто полуфинале во Лига на шампиони меѓу Атлетико Мадрид и Арсенал.

- Оглас -

Најнови вести