Федерер му симнува капа на Ѓоковиќ: Ќе бидам изненаден ако Новак не победи на Вимблдон

Легендарниот швајцарски тенисер Роџер Федерер, кој од минатата година и официјално е во пензија, му оддаде почит на еден од двајцата најголеми ривали во кариерата, Новак Ѓоковиќ.

Федерер, кој во кариерата освои 20 гренслем-титули, од кои осум на Вимблдон, смета дека Ѓоковиќ е главен фаворит за триумф на најпрестижниот турнир. Со евентуален триумф, Ѓоковиќ би дошол до бројката од 24 гренслем-титули, две повеќе од Рафаел Надал и четири од Федерер.

https://twitter.com/i/status/1676209095626592256

„Новак е голем, голем фаворит и мислам дека тоа е одлично за него. Јас имам свои моменти тука. Тој осми триумф, или кога победив петпати по ред, тоа беа моите моменти. Ако некој ги израмни или ги надмине тие достигнувања, тоа ќе биде негова работа, негов момент. Се надевам дека Новак ќе го направи тоа, ќе дојде до осмата победа на Вимблдон, која би била петта по ред и за него. Ако успее во тоа, неговите успеси ќе останат во историјата на тенисот, ќе отиде над сите нас. Мислам дека Новак е голем фаворит и би бил изненаден доколку повторно не победи на Вимблдон“, изјави Федерер во интервјуто за Си-ен-ен.

- Оглас -

Најнови вести