Федерер најави крај на кариерата?

Најтрофејниот гренд слем шампион на сите времиња Роџер Федерер полека но сигурно се подготвува за објавување на денот кога ќе ја заврши кариерата. Федерер потврди дека следната година планира да игра на Вимблдон, но потоа ништо не се знае.

„Одлучив дека ќе играм на Вимблдон. Се мислам дали да играм на Олимписките игри во Токио. Се консултирам и со моите во тимот и го барам нивното мислење. Разговарав и со сопругата Мирка и во следните неколку недели ќе објавам што сум решил“, рече Федерер, кој во кариерата има 20 гренд слем титули.

Федерер во август наполни 38 години, но покажува дека уште може да игра на врвно ниво.

- Оглас -

Најнови вести