Оваа работна недела за еден обложувач кој уплатил тикет во Тетово, започна на најдобар можен начин. Во понеделникот, обложувачки махер нареди 10 фудбалски мечеви и со само 40 денари уплата, успеа да си заработи преку 3.000 евра.
На десетте мечеви, погоден е вкупен коефициент од 5.527, што за многумина е невозможно да се направи таков тикет, а овој дури е и добитен.
Стратегијата е многу јасна, а тоа е сите 10 средби да се одиграат на голови. Дури пет од натпреварите беа од првенството на Исланд, а останатите пет средби се од посилните лиги и на крајот сите комбинации беа добитни.


