Луис Енрике: Никогаш не сум видел вакво нешто досега

Пари Сен Жермен со 5:4 го победи Баерн Минхен во првиот меч од полуфиналето во Лига на шампиони. Ова е дуел кој ќе се памти во историјата на ЛШ, а тренерот на ПСЖ, Луис Енрике вели дека никогаш досега немал видено таков интензитет на игра.

„Никогаш не сум видел таков интензитет и физичко ниво. Мораме да им честитаме на сите. Заслуживме да победиме, заслуживме да извлечеме нерешено и заслуживме да изгубиме денес. Беше фантастичен натпревар“, рече Енрике по средба на „Паркот на принцовите“.

Шпанскиот стратег имаше многу пофални зборови за противничките играчи, а вели дека на полувреме ги советувал своите фудбалери да не играат со толкав интензитет.

„Од каде доаѓаат играчи како Луис Дијаз, Олисе и Хари Кејн… Боже мој! На полувремето се обидовме да се смириме; не можеш да играш фудбал превозбудено“, анализираше Кејн по средбата.

Реваншот ќе се игра следната среда во Минхен, по што ќе биде познат патникот во финалето од ЛШ за 2026 годиа.

- Оглас -

Најнови вести