Федерер не игра, а заработува трипати повеќе од Ѓоковиќ

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ иако е најдобар тенисер на светот, а ако го освои Отвореното првенство на САД, ќе биде и рекордер по број на освоени гренслем-трофеи и единствен во новата тениска ера кој ги освоил сите гренслем-турнири во иста година, не заработува пари како некои негови колеги и колешки.

Според листата на магазинот „Форбс“, Новак е дури четврт најплатен тенисер во 2021 година. Тој годинава заработил 38 милиони долари, од кои само 8 се од тенисот, а 30 од спонзорските договори.

Далеку напред на прво место е Роџер Федерер со заработка дури од 90,6 милиони долари, иако најголем дел од годинава тој е надвор од терените и не игра. Од спонзори лапна дури 90 милиони, а од турнирите профитираше само со 600.000.

Зад Федерер, а пред Ѓоковиќ се две жени. Наоми Осака остварила приход од 60,1 милиони евра (55 милиони од спонзори), а Серена Вилијамс 41,8 милиони (40 милиони од спонзори). Во топ 10 се и Рафаел Надал, Кеј Нишикори, Данил Медведев, Доминик Тим, Стефанос Циципас и Ешли Барти.

- Оглас -

Најнови вести