Ливерпул славеше против Кристал Палас, победи и Тотенхем, но и Вест хем (Видео)

Ливерпул го совлада Кристал Палас со 3-1 на домашен терен. Избраниците на Арне Слот ја оправдаа улогата на фаворит и практично го завршија натпреварот уште во првото полувреме, кога стекнаа недостижна предност.

Во 35-та минута, Александар Исак се снајде одлично по ударот на Алексис Мекалистер и ја затресе мрежата на Дин Хендерсон. Само пет минути подоцна, по добра одбрана на Вудман, Ливерпул изведе брза контра преку Кертис Џонс, а акцијата ја заврши Ендрју Робертсон со гол.

Лоша вест за домаќините беше повредата на Мохамед Салах, кој мораше да го напушти теренот, што отвори прашања дали тоа е негов последен настап за клубот.

Кристал Палас се обидуваше да се врати, но Вудман со одлична интервенција го запре ударот на Сара, а подоцна самиот голман се повреди во 7-та. минута.

Во финишот, Ларсен погоди две стативи, но голот најверојатно ќе беше поништен поради офсајд. Конечните 3-1 ги постави Флоријан Вирц во шестата минута од судиското продолжение, по асистенција на Мекалистер.

Тотенхем победи на гостувањето кај Вулверхемптон со 0-1, со голот на Жоао Палиња во 82-та минута.

Сепак, триумфот не беше доволен, бидејќи Вест хем во драматична завршница го совлада Евертон со 2-1. Томаш Соучек донесе водство за Чеканите, Кирнан Дусбери-Хол израмни во 88-та минута, но Калум Вилсон во судиското продолжение му донесе победа на Вест хем.

- Оглас -

Најнови вести