Федерер не тренираше, ќе игра ли против Ѓоковиќ во Мелбурн?

Роџер Федерер е повреден и денеска не тренираше, иако за утре има закажан полуфинален дуел со Новак Ѓоковиќ во Мелбурн, на Отвореното првенство на Австралија.

Лебди во воздух прашањето дали Швајцарецот ќе може да игра против актуелниот шампион во меч што тежи 13 титули на Австралија опен. Можно е Федерер да не тренира, за да се одмори по двата тешки иисцрпувачки маратони против Милман и Сандгрен што ги доби со 3:2 во сетови, но сеите стравуваат од откажување.

Видливо беше дека Федерер има повреда на четвртфиналниот меч против Сандгрен, беше и на пауза во соблекувалните, но досега и покрај годините, а ги има 38, покажа дека никогаш не се откажува. Има податок кој е фасцинантен и вели дека Федерер никогаш не предал дуел што го започнал, а серијата трае 1.512 меча.

Полуфиналето меѓу седумкратниот шампион во Мелбурн Новак Ѓоковиќ и шесткратниот освојувач на пехарот Роџер Федерер треба да се игра утре, во 9.30 часот по средноевропско време.

 

- Оглас -

Најнови вести