Федерер по 15-ти пат е во четвртфинале на Австралија опен

Роџер Федерер го совлада Мартон Фучович во осминафиналето на Отвореното првенство на Австралија и по рекорден 15-ти пат ќе игра четвртфинале во Мелбурн парк. Мечот траеше два часа и 10 минути. За швајцарската легенда ова е 361-ва победа на гренд-слемите, а втор на оваа вечна листа е Новак Ѓоковиќ со 284.

Фучович го освои првиот сет со 6-4, а потоа Федедер ги доби наредните три со убедливи 6-1, 6-2, 6-2. Федерер во кариерата уште од далечната 1996 година (тогаш Швајцарецот имаше само 15 години) нема загубено од унгарски тенисер.

Тој по 57-ми пат ќе игра четвртфинале на гренд-слемите. Таму ривал ќе му биде Американецот Тенис Сандгрен (100-тиот на АТП листата), а ако го мине, му следува полуфинале со Новак Ѓоковиќ или Милош Раониќ.

- Оглас -

Најнови вести