Федерер покажува дека воопшто не го сака Ѓоковиќ

Швајцарскиот тенисер Роџер Федерер, на „Инстаграм“ следи 75 луѓе, а меѓу нив не е Новак Ѓоковиќ, но на листата го има Рафаел Надал.

Ова покажува дека славниот тенисер со прекар Фед-Екс, иако се обидува да го сокрие тоа, сепак не го „мириса“ Србинот. Федерер на социјалните мрежи ги следи колегите Надал, Димитров, Ферер, Раониќ, Зверев, но не и Ѓоковиќ.

Од друга страна, Ѓоковиќ кој уште оваа недела ќе биде прв на АТП листата, а од понеделник 13 јуни, ќе падне на трета позиција, нема проблем со Швајцарецот и го следи Федерер на Инстаграм.

- Оглас -

Најнови вести