Федерер повторно играше пред рекордна публика, со Рафа направија спектакл во Кејп Таун (видео)

Двајцата најтрофејни тенисери во историјата, Роџер Федерер и Рафаел Надал, пред рекордна публика ги одмерија силите во егзибициски натпревар кој се одржа во Кејп Таун, Јужна Африка. Вкупно 51.954 гледачи се појавија на стадионот кој инаку е наменет за рагби натпревари, со што е урнат предходниот рекорд поставен во ноември минатата година каде што исто така учествуваше Федерер.

Мечот се одигра во организација на фондацијата на Роџер, а заработката од 3,5 милиони долари собрани од влезници и спонзори ќе бидат наменети за образованието во дел од африканските земји. Ова беше шести натпревар кој се одржа за оваа цел, но за првпат се одигра на африканско тло, претходно се организираше во САД и Европа. Инаку Швајцарецот славеше со 6:4, 3:6, 6:3

- Оглас -

Најнови вести