Федерер само вторпат во последните 20 години испаѓа од Топ 10 на АТП-листата

Роџер Федерер на следната АТП-листа која треба да излезе на 18 октомври ќе падне за две позиции. Тоа значи дека од деветтото место, легендарниот Шавјцарец ќе биде на 11-тата позиција. Ќе го прескокнат Полјакот Хуберт Хуркач и Каспер Руд од Норвешка.

Ова ќе биде првпат во последните пет години Федерер да не биде во Топ 10 на АТП-листата, а само вторпат од јули 2002 година, што значи дека речиси 20 години доминира во светскиот тенис.

Минатата година Федерер имаше две операции на десното колено, а оваа сезона одигра само 13 меча. На Вимблдон стигна до четвртфиналето на Вимблдон и потоа ја заврши сезоната поради болки во коленото. Швајцарецот во кариерата освои 20 гренслем-титули, колку што имаат и Рафаел Надал и Новак Ѓоковиќ.

 

- Оглас -

Најнови вести