Федерер се чуди: Пред неколку месеци се шегувавме дека двајцата сме на патерици, а сега си шампион

Покрај Новак Ѓоковиќ, ниту Роџер Федерер не заборави да му честита на Рафаел Надал за рекордната 21-ва гренслем-титула. Швајцарецот кој прв стигна до 20 гренслем-титули сега е со минимални шанси дека повторно може да се радува на голем успех, но затоа од срце му честиташе на Надал.

„Каков меч! Големи честитки за мојот пријател и голем ривал Рафаел Надал, кој прв успеа да стигне до 21 гренслем-титули. Пред неколку месеци се шегувавме дека двајцата сме на патерици. Неверојатно. Никогаш немојте да ја потцените силата на шампионот“, рече Федерер во првиот дел од пораката за Надал.

„Твојата одлична работна етика, посветеноста и борбата се инспирација за мене и за многумина во целиот свет. Горд сум што со тебе ја делам оваа ера и што те туркам напред за да напредуваш уште повеќе како што тоа го правиме во изминатве 18 години. Сигурен дека пред тебе има уште многу успеси, но сега уживај во овој момент“, му порача Федерер на Надал.

- Оглас -

Најнови вести