Федерер со магични потези покажа дека е главен во родниот град (Видео)

Роџер Федерер победнички започна на турнирот во родниот град Базел. Во првото коло, Федерер по голема борба, со 2:1 во сетови го победи Филип Крајиновиќ од Србија. Фаворитот без проблем го доби првиот сет со 6:2, но потоа Србинот се врати во вториот и со 6:4 најави борба и во третиот сет. Сепак, Федерер не дозволи изненадување и откако успеа да направи еден брејк, на крајот го доби решавачкиот сет со 6:4.

Федерер е актуелен освојувач на овој АТП турнир во сала, а Швајцарецот е и рекордер по бројот на трофеи. Во кариерата вкупно осум пати го освојуваше овој турнир. Миленикот на публиката покажа дека и на 37 години може да освои „магични“ поени.

- Оглас -

Најнови вести