Федерер тргнува по хет-трик во Мелбурн против Истомин

Роџер Федерер ќе се обиде да стигне до хет-трик трофеи на Отвореното првенство на Австралија, но ждрепката што се одржа денеска не го милуваше и од стартот ќе има незгодни ривали.

Прв на мегдан ќе му излезе 99-торангираниот Денис Истомин, тенисер кој преклани успеа да го елиминира Новак Ѓоковиќ во второто коло на Гренд слемот во Мелбурн.

Потоа, ако сè оди како што треба, проектирано полуфинале е Федерер против Надал. Тоа е дел од трилингот тенисери со Ѓоковиќ, кои заедно имаат освоено 50 титули на последните 60 Гренд слем турнири.

Ѓоковиќ на стартот ќе игра против квалифициран, а Надал ќе почне против домашниот тенисер Џејмс Дакворт. Потоа, до планираното полуфинале со Федерер на патот веројатно ќе му стои одличниот сервер од Јужна Африка, Кевин Андерсон, кој игра во одлична форма.

На ждрепката лошо помина Енди Мареј, а прв ривал ќе му биде шампионот од Доха, Роберто Баутиста Агут, 22-ри носител и тенисер кој го елиминира Ѓоковиќ на патот кон титулата на турнирот во Катар што се играше по Нова година.

Кај дамите, ланската шампионка Каролина Возњацки ќе ја почне одбраната на трофејот против Белгијката Ван Ујтванк, првата носителка и ланска финалистка Симона Халеп ќе стартува со меч против Каја Канепи, а Серена Вилијамс во поход по рекордната осма титула на Отвореното првенство на Австралија ќе тргне со меч против Германката Татјана Марија.

Турнирот почнува на 14-ти јануари и ќе се игра до 27-ми јануари.

 

- Оглас -

Најнови вести