Федерер загуби два сета и призна дека имал среќа што се пласирал во второто коло на Вимблдон

Осумкратниот освојувач на Вимблдон, Роџер Федерер, се пласира во второто коло, но не победи на терен, туку при 2-2 во сетови, неговиот противник Адријан Манарино од Франција се предаде поради повреда на коленото, која ја здоби при едно лизгање во финишот на четвртиот сет. Манарино денеска го прославуваше 33-тиот роденден.

„Тој беше подобар, можеше да победи. Имав среќа. Му посакувам брзо закпренување“, рече 39-годишниот Федерер, кој е далеку од некогашната форма, што се виде и со двата загубени сета уште во првото коло.

Федерер има 102 победи на Вимблдон, а во второто коло треба да игра со Ришар Гаске од Франција.

- Оглас -

Најнови вести