Феенорд го уништи Ајакс во „Де Класикер“ (видео)

Феенорд го уништи Ајакс во холандското дерби „Де Класикер“ со високи 6-2. Домаќините ја забележаа една од најубедливите победи во својата историја против гигантот од Амстердам, за вкупно 12-ти позитивен резултат во холаднскиот шампионат.

Шоне постигна прекрасен гол од слободен удар, Ајакс по осум минути игра поведе, но веќе до 30-тата минута домаќините успеаја да го свртат резултатот во своја корист преку Турнстра и Бергхај. Зиеч  набрзо потоа израмни на 2-2, но искусниот Робин Ван Перси пред паузата му донесе нова предност на Феенорд.

Во второто полувреме следуваше дебакл, го најави Ван Перси во 56-тата минута, а Вилена и Ајуб до крајот подогија за конечни 6-2.

- Оглас -

Најнови вести