Феенорд со 2:1 го победи Твенте и тоа беше доволно за тимот од Ротердам да постави едно посебно постигнување. Овој клуб сезонава нема пораз во седумте кола кои се одиграа (три победи и четири порази), а ако се додадат и последните 20 кола од претходната сезона, Феенорд има низа од 27 дуели без пораз во домашното пренство (19 победи и осум нерешени).
Ваква долга серија без пораз во холандското првенство Феенорд немал повеќе од 45 години. Во сезоната 1978-79 тимот од Ротердам наредил 41 дуел без пораз.
Интересно е дека иако сезонава нема пораз, Феенорд е далеку од врвот и веќе има двоцифрено заостанување (11 бодови) во однос на лидерот ПСВ Ајндховен, кој е перфектен со осум победи во исто толку дуели и има максимални 24 поени.
27 – Feyenoord have not lost their last 27 matches in the Eredivisie (W19 D8), their longest unbeaten run in the league since 1978-1979 (41 games). Streak. pic.twitter.com/9An3uFtXrK
— OptaJohan (@OptaJohan) October 6, 2024