Фелаини е првиот фудбалер во кинеската лига со Коронавирус

Маруан Фелаини е првиот фудбалер што настапува во кинеската Суперлига што има Коронавирус. Тестот што му беше направен во Јинан на 20. март е позитивен и поранешниот играч на Манчестер јунајтед и на Евертон ќе мора да мине период на изолација и рехабилитација од најмалку 14 дена.

Фелаини сега е член на Шандонг Луненг и се заразил со вирусот во деновите кога кинескиот прволигаш се врати од подготовките што гиимаше во Европа.

Кинезите се подготвуваа за продолжување на сезоната, но сега и тоа е неизвесно со првиот случај на фудбалер заразен со Коронавирус.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести