Феликс даде гол по шест месеци, Жолтата подморница потона на „Ванда“

Атлетико Мадрид ја продолжи низата на пет меча без пораз на домашен терен со триумфот од 3-1 против Вилјареал. Јорганџиите за трите бода мораа доста да се намачат бидејќи гостите изненадија преку Алкасер во 16-тата минута за водство од 1-0.

Фудбалерите на Симеоне подолг период не можеа да го пробијат „ѕидот“ Асењо, кој дојде расположен на „Ванда“ и се разбрани, но сепак Кореа успеа да го совлада на пет минути пред паузата. По малку повеќе од еден час, Коке го најави пресвртот, а Жоао Феликс ги искористи минутите откако влезе на стартот од вториот дел.

Најскапиот тинејџер на светот ги постави конечните 3-1 во 74-тата минута, постигнувајќи гол во шпанската лига првпат по 25 септември, кога се запиша во листата стрелци во победата против Мајорка од 2-0.

По 25-тото коло, Атлетико се врати на третата позиција со 43  бода, исто колку што има и Севилја, додека Вилјареал со 38 бода остана на седмото место.

- Оглас -

Најнови вести