Феликс е воодушевен од Милан: Сакам да останам тука и да испишам историја

Жоао Фелик само пред неколку години се најавуваше како еден од најталентираните млади фудбалери. Од Бенфика замина во Атлетико Мадрид, потоа беше на позајмица во Челзи и Барселона, па во 2024 година токму Челзи го откупи неговиот договор.

Сепак, Португалецот не се снајде најдобро во лондонскиот тим и затоа во последниот дел од зимскиот преоден рок беше даден на позајмица во Милан. Во неполни 10 дена, Феликс одигра два меча за Росонерите и постигна еден гол. Тој вели дека едноставно ужива во новиот клуб.

„Тука сум само осум дена и да бидам искрен, веќе се вљубив во сè што е поврзано со Милан. Ми се допаѓа клубот, навивачите, инфраструктурата… Засега сум само на позајмица до јуни, но би сакал да останам тука и да испишам историја во Милан“, рече Феликс, кој откри дека негов идол е Роберто Кака, кој имаше блескави настапи токму во црвено-црниот дрес на Милан.

- Оглас -

Најнови вести