Феликс за прославата на голот против Атлетико: Блиските до мене знаат низ сè што поминав во Мадрид

Барселона синоќа во дербито во Ла Лига славеше со 1:0 над Атлетико Мадрид, и тоа со голот на „отфрлениот“ играч од Јорганџиите, Жоао Феликс.

Феликс, кој сезонава игра во Барселона како позајмен играч од Атлетико Мадрид, голот го прослави со раширени раце, за што навивачите на Јорганџиите му се налутија.
Но, тој има одговор за сите кои го критикуваат неговиот начин на прослава.

„Само за мене блиските луѓе знаат што проживеав. Пуштив сè да излезе од мене поради сè што ни се случуваше мене и на моето семејство. Тој гол е за мене и за соиграчите во Барселона кои убаво ме дочекаа“ изјави Португалецот.

 

Жоао Феликс имаше и одговор и на критиките на поранешните соиграчи од Атлетико, Антоан Гриезман и Саул Нигез, за неговиот пристап во Мадрид.

„Да, нормално дека имав дополнителна мотивација бидејќи играв против моите поранешни соиграчи. Ова беше специјален натпревар и задоволен сум од победата. Среќен сум во Барселона и се надевам дека клубот ќе го откупи мојот договор“, додаде Жоао Феликс.

- Оглас -

Најнови вести