Не му беше добар на Атлетико, сега даде гол за Барселона да слави над Јорганџиите (Видео)

Жоао Феликс е херојот на Барселона во дербито против Атлетико Мадрид. Играчот кој официјално уште е дел од тимот на Јорганџиите, а игра како позајмен фудбалер во Барселона, го постигна единствениот гол за победа на Каталонците.

Покрај Феликс, еден од најзаслужните за победа на домаќините е и голманот Ињаки Пења. Резрвнииот чувар на мрежата се најде во прв план откако Марк-Андре тер Штеген не можеше да брани поради повреда на грбот, а Пења се покажа како повеќе од достојна замена.

Моментот кој го реши мечот се случи во 28-мата минута, кога Феликс погоди за 1:0. Во последните 10-тина минути од средбата, Атлетико Мадрид притисна со сите сили да израмни, но голманот Пења имаше неколку феноменални одбрани.

По оваа победа, Барселона стигна до 34 бода и сега има четири помалку од водечкото дуо Реал Мадрид и Жирона. Атлетико Мадрид остана на 31 бодови и на четвртото место.

- Оглас -

Најнови вести