Фелипе Мело го има најдобриот потег на предизвикот со тоалетната хартија (Видео)

Во денови кога за сите, па и за фудбалерите важи препораката да бидат во карантин и изолација за време на пандемијата од Коронавирусот, започна еден интересен предизвик. Голем број светски фудбаски ѕвезди се снимаа како жонглираат со тоалетна хартија, која многумина ја сметаат како главен „адут“ во овој критичен период на светско ниво.

Од многумината кои се снимаа и ги покажуваа своите квалитети на контрола и на тоалетна хартија, најоригинален беше Фелипе Мело. Бразилецот е познат како еден од најопасните дефанзивни играчи кој не бира начин како да се сопре противникот. Мело често знае со лизгачки стартови да отиде врз противникот, а сега на предизвикот со тоалетната хартија го направи токму тоа што најдобро знае да го прави.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести