Хуан Фелипе нападнат од навивачи на Вардар

Хуан Фелипе е нападнат од навивачите на Вардар, но за среќа е избегнат посериозен инцидент, по мечот во Аеродром, премиерен за најтрофејниот клуб кај нас против Македонија Ѓорче Петров.

По поразот од ѓорчепетровци, нервозните навивачи на Вардар имаа блиска средба со полицијата, а мета им беше и поранешниот миленик Фелипе.

Бразилецот летово се пресели во Шкендија, чин што вардарци не му го простуваат, па сега се обидоа и да го нападнат. За среќа и со интервенција на полицијата спречен е посериозен инцидент.

Вардар загуби од Македонија Ѓ.П. со 0:2 и со пораз го почна новиот македонски шампионат.

- Оглас -

Најнови вести