Фелипе пред портите на Шкендија

Македонскиот шампион Шкендија е многу блиску до официјализација на ангажманот на неодамнешниот Вардарец Хуан Фелипе. Бразилецот е слободен играч откако му истече соработката со Црвено-црните, а се очекува да биде новото големо засилување за тетовци пред стартот на квалификациите во Лигата на шампионите.

Шкендија веќе извесно време се интересира за услугите на Фелипе, а по сите изгледи, конечно ќе ги добие.

Фелипе беше дел од првата генерација вардарови фудбалери што играа во фазата по групи во европските купови, во Лигата на Европа во сезоната 2017/18, па во Шкендија веројатно проценија дека им е неопходно искуство од играч од калибарот на 31-годишниот бразилски ас.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести