Фенер од 1-3 без Алиоски до 3-3 со него, прв пораз на Арсенал!

Двата меча од групата Б во Лигата на Европа завршија со истиот резултат од 3-3, со тоа што Фенербахче на Езџан Алиоски се спасуваше од пораз, додека АЕК Ларнака на Иван Тричковски испушти победа.

Фенер дома губеше со 0-3 од Рен, на половина час пред крајот беше 1-3, а тогаш во игра влезе Алиоски и работите тргнаа на подобро. Зајц и Емре Мор дадоа голови за спас во финишот. Важно е да се биде прв во група (Фенербахче и Рен имаат еднаков број бодови) бидејќи така во следната рунда се избегнува нокаут-дуел со тимовите кои ќе бидат трети во Лигата на шампионите, а таму потенцијални противници ќе бидат и Барселона, Јувентус, Ајакс…

Тричковски поради повреда не настапи против Динамо Киев, а Кипраните водеа со 3-1, но не победија. Украинците во 92-рата минута дадоа гол за 3-3.

Прв пораз сезонава во ЛЕ претрпе досега перфектниот Арсенал. Топчиите на гости беа поразени од ПСВ со 0-2, па таму последното коло ќе одлучи кој ќе заврши прв во групата.

- Оглас -

Најнови вести