Фенер се разбуди по мајсторијата на Слукас и го доби Олимпијакос (видео)

По четири последователни порази во Евролигата, Фенербахче конечно оствари триумф и со конечни 96:87 славеше против Олимпијакос среде Пиреја. Избраниците на Жељко Обрадовиќ по подолго време беа доминантни во еден меч, а вечерва ја остварија само шестата победа сезонава. Василис Спанулис на овој меч стана прв стрелец во историјата на Евролигата надминувајќи го Хуан Карлос Наваро.

На крајот од воведниот период, Фенербахче поведе со минимални 22:20 благодарение на мајсторскиот шут на Костас Слукас. Гркот од своја половина погоди тројка пред звукот на сирената, а од тој момент Фенер се разбуди и тргна кон победата.

Клучна беше втората четвртина, во која турскиот состав реализира 30 поени и ја доби делницата со +10. Од тој момент сè одеше во полза на европскиот првак од 2017 година, на што Олимпијакос немаше одговор.

Нандо де Коло имаше свое шоу со 31 поен, Датоме придонесе за тирумфот со 15 поени, додека од редовите на Олимпијакос расположени беа Спанулис и Принтезис со по 14 поени.

- Оглас -

Најнови вести