Фенербахче ја освои пеколната „Морача“

Фенербахче ја продолжи импресивната победничка серија на 10 меча во низа откако вечерва беше подобар од Будуќност со конечни 89:65. Избраниците на Жељко Обрадовиќ го преживеаја пеколот во „Морача“, додека јадранскиот првак го претрпе 11-тиот пораз сезонава, веќе трет во низа.

По израмнетите сили во првото полувреме (40:40), гостите со дополнителен напор ја освоија третата четвртина со 27:15, во која практично го решија победникот на мечот.

Јан Весели беше најефикасен играч од тимот на Фенер со 19 поени, додека му недостасуваше еден скок за двоен учинок, 17 поени додаде Ловерн, Слукас заврши со 11. Кај поразените, најрасположен на паркетот беше Ерл Кларк со 15 поени.

Олимпијакос го декласираше тимот на Гран Канарија со 98:77 . Грчкиот гигант лесно се справи со гостите од Шпанија забележувајќи ја деветтата овосезонска победа во Евролигата.

Спанулис и Принтезис го предводеа тимот на Олимпијакос со 21, односно 16 поени, додека Вен со 15 поени беше најефикасниот кошаркар на „канаринците“.

Претходно, ЦСКА Москва го совлада Анадолу Ефес со конечни 102:82

- Оглас -

Најнови вести