Фенербахче ја преброди мини-кризата со триумф над Баерн

Фенербахче ја запиша само втората победа во Евролигата совладувајќи го Баерн Минхен со конечни 90:82. Избраниците на Жељко Обрадовиќ полека, но сигурно ја пребродуваат мини-кризата од три порази по ред, па се погрижија Баварците да го претрпат четвртиот разочарувачки резултат за оваа сезона.

Се играше егал до последните 10 минути од мечот, дотогаш предноста во повеќе наврати се менуваше, а потоа домаќините направија добра серија од 18-6 и дојдоа до двоцифрена предност.

Вилијамс со 19 поени го предводеше Фенер до победата, Махмутоглу придонесе со 14 поени и одлична реализација за три поени, 4/5. За Баерн најефикасен беше Монро со 19 поени.

- Оглас -

Најнови вести