Фенербахче го чека – Колашинац ќе се откаже од парите, Арсенал ќе му го поништи договорот

Сеад Колашинац ќе се откаже од поголемиот дел од парите што треба да ги земе за договорот со Арсенал, кој е важечки до идното лето, а клубот се согласил да го ослободи без обештетување, па Фенербахче ќе биде следната дестинација на репрезентативецот на БиХ.

Турскиот гигант му нуди договор на 2+1 година и годишна плата од 1,8 милиони евра, што е прифатливо за бекот, а Арсенал нема да му прави проблеми за да си замине.

Колашинац лани одигра само еден меч за Арсенал и потоа замина на позајмица во Шалке 04, но таму имаше проблеми со навивачите. Седумкратниот германски првак испадна од Бундеслигата, а Колашинац и неговите соиграчи мораа и да бегаат од бесните симпатизери на Шалке 04, кои беа незадоволни од нивните настапи.

Минатото лето Колашинац беше во фокусот на вниманието, но не за фудбалски достигнувања, туку за инцидентот, при кој тој и Месут Озил беа нападнати од криминална банда во Лондон.

Напаѓачите имаа ножеви и мачети, а Колашинац без страв им се спротивстави и успеа да се одбрани. Потоа се шпекулираше дека и тој и Озил имале проблеми со незаконски дејанија, па затоа биле нападнати, но тоа сценарио не беше докажано.

 

- Оглас -

Најнови вести