Фенербахче не се предаде во дербито ни по 0-3 (Видео)

Бешикташ од 2009 година не победил со 3-0 против Фенербахче, фановите на „црно-белите“ на полувремето мислеа дека овој резултат ќе се повтори, можеби и подобри, но по излегувањето на играчите од соблекувална, се случи нешто што никој не можеше да го помисли. Фенер со двете измени заигра многу подобро и веќе во средината на второто полувреме дојде на 3-3, шокирајќи ги сите, не само противничките навивачи.

Првото полувреме беше како што посакуваа домашните. Тие имаа прв гол од пенал против Фенер по септември 2010 година, кога стрелец беше Шпанецот Гути, актуелен помошник-тренер во Бешикташ.

Искусниот Гокан Ѓонул ја отвори гол-серијата, но иако ова му е само четврти гол за три години во Бешикташ, не се радуваше бидејќи девет години, од 2007 до 2016 година, беше член на Фенер.

Но кој последен се смее, најслатко се смее. Фенербахче од 46-тата до 67-мата минута даде три гола, а особено спектакуларен беше третиот на Хасан Али Калдирим кој упати неодбранлив шут од далечина. Македонецот Елиф Елмас во игра влезе во 84-тата минута.

Бешикташ е трети, но со пет бода помалку од вториот Галатасарај, додека Фенербахче повторно за еден бод избега од зоната на испаѓање.

Погледнете го голот за 3-3:

- Оглас -

Најнови вести