Фенербахче пресилен за Жалгирис

Фенербахче ја запиша 16-тата победа во Евролигата совладувајќи го Жалгирис Каунас со конечни 78:61. Турскиот гигант му го нанесе четвртиот последователен пораз на составот на Шарунас Јасикевичиус, а воеднзакрепнаа од шокантниот пораз од Химки во претходното коло.

Фенер уште во првото полувреме направи голем чекор кон ново славење во европскиот шампионат откако на неколку минути пред паузата имаа и највисоки +19. Гостите залудно се обидуваа да се вратат бидејќи не успеаја да се извадат од двоцифрената негатива, па поразот беше неизбежен.

Слукас и Махмутоглу реализираа по 14 поени од тимот на Фенербахче, додека Весели оствари дабл-дабл учинок од 13 поени и 12 скока. Брендон Дејвис беше единствениот кошаркар на Жалгирис со двоцифрен број поени, заврши со 12.

Претходно Анадолу Ефес оствари сигурна победа над Химки со конечни 81:72.

- Оглас -

Најнови вести