Фенербахче резервираше билет за Ф4

Фенербахче ја доби серијата против Жалгирис Каунас со 3-1 откако вечерва славеше на гости со конечни 82:99. Избраниците на Жељко Обрадовиќ заедно со актуелниот бранител Реал Мадрид се учесници во фајнл-форот кој сезонава ќе се одржи во Виторија, Шпанија.

Гостите тргнаа одлично уште на стартот од средбата и го освоија воведниот период со високи 30-16. Жалгирис се обидуваше да ја врати неизвесноста, но најмногу што се доближи беше на негатива од -7, но Фенербахче изненадување и ја заврши работата во решавачките 10 минути.

Али со 25 поени беше најефикасен од редовите на Фенер, а 15 поени додаде Слукас. За тимот на Жалгирис најрасположен на паркетот беше Дејвис со 25 поени.

- Оглас -

Најнови вести