Фенербахче се обидел „пред нос“ да му го грабне Несторовски на Удинезе!

Илија Несторовски веќе се договорил со Удинезе и наскоро и официјално ќе стане член на фриулијаните, и тоа е причината што пропаднал обидот на Фенербахче да го ангажира македонскиот репрезентативен напаѓач.

Несторовски треба да стане слободен играч откако неговиот досегашен клуб Палермо под казна беше исклучен од Серија Б и испратен во најзинок ранг. Во моментот кога Палермо ќе му даде документи на прилепчанецот дека е слободен, тој ќе замине во Удинезе, со кого ќе потпише тригодишен договор, и како што вече беше објавено, ќе го носи дресот со бројот 30.

За популарниот Нестор се интересираа и други клубови, се спомнуваше Црвена ѕвезда, а во последен момент во трката се обидел да се вклучи и Фенербахче. Сепак, Турците задоцниле, и Несторовски нема да оди во клубот во кој последните денови ги минува Елиф Елмас. Младиот Елмас се очекува да потпише за Наполи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести