Кошаркарите на Фенербахче го победија Макаби со 84:82 во шестото коло од Евролигата.
Поради политичката ситуација, Фенербахче беше номинален домаќин во Каунас, каде што со одлична игра во последната четвртина успеа да го „украде“ речиси сигурниот триумф на Макаби.
Тимот од Тел Авив влезе во четвртата четвртина со предност од девет поени, а Фенербахче, кој одигра слабо првите 30 минути, го сврте натпреварот во своја корист откако ја доби оваа четвртина со 26-15.
Тарик Биберовиќ во завршницата погоди клучни шутеви, а Макаби имаше напад за победа, но Рокас Јокубаитис направи грешка и ја пропушти шансата.
Хејс Дејвис беше најефикасен со 20 поени за победничкиот тим, Хол додаде 16 поени и девет скокови, а Биберовиќ постигна 15 поени.
Во тимот на Макаби, Хауард постигна 20 поени, Рендолф 14, а Ли 13.
Фенербахче сега има скор од 4-2 пред натпреварот во Истанбул со Партизан, додека Макаби е со скор од 2-4.
Кошаркарите на Париз вечерва ја победија Алба во Берлин со 92-83, остварувајќи ја втората последовна победа и достигнувајќи скор од 3-3.
Алба има една победа и пет порази.
Хифи со 25 и Ворд со 23 поени го водеа Париз до победа, а се истакна и македонскиот репрезентативец Ти Џеј Шортс со 11 поени и девет асистенции.
Во тимот на Алба, Шнајдер беше најефикасен со 18 поени.
Олимпијакос триумфираше против Реал Мадрид на домашен терен со 79-69. Грчкиот тим го доби последниот период со 23-10 и на тој начин успеа да стигне до победа. Александар Везенков со 23 поени беше предводник на победничкиот состав.