Фенерско дерби со шарм: Гранде Пандев против ланската Златна копачка

Вечерва има повеќе дуели од 35-тото коло во Серија А, но најмногу внимание ќе се посвети на градското дерби меѓу Сампдорија и Џенова (21:45ч). Фенерското дерби на „Луиџи Ферарис“ особено е интересното за македонската публика и за сите фанови на Горан Пандев.

Капитенот на македонската репрезентација има тројна мисија пред себе: да го постигне 10-тиот гол сезонава во Калчото, да слави против градскиот ривал и да ѝ обезбеди опстанок на Џенова. На четири кола до крајот на сезоната многу е веројатно дека Џенова (33) ќе остане во елитата бидејќи има четири бода предност во однос на 18-то пласираниот тим на Лече (29), меѓутоа трката уште не е завршена.

Пандев по 12-ти пат во својата кариера ќе се сретне со Сампдорија, а во претходните 11 средби брои по седум победи и порази, како и пет ремија. Иако Горан ретко ја тресел мрежата на Сампдорија, поточно бележи само еден гол и асистенција против оваа екипа, вечерва ќе има дополнителна мотивација со цел да ги оствари споменатите мисии.

Неговото искуство многу значи за тимот предводен од Давиде Никола, па затоа и во овој меч се очекува Пандев да биде стартер, а во завиност од резултатот, ќе се види колкава ќе биде неговата минутажа.

Уште еден мотив да го истакне своето знаење Пандев добива по фактот што вечерва ќе се сретне со ланската Златна копачка на Серија А, Фабио Квалјарела, кој броеше 26 гола минатата сезона.

Што се однесува за меѓусебните дуели на старите градски ривали, речиси четири години Сампродија владее со фудбалот во Џенова. Непоразени се во седум меча, од кои добија пет, а моментно се во мини-серија од две победи без примен гол.

Сампдорија во овој меч ќе влезе во добра форма од четири победи и еден пораз од претходните пет кола во Калчото, додека Џенова претрпе повеќе турбуленции во резулатите, па има две победи, два порази и реми во последните пет кола.

Сите коишто планираат да го типуваат градското дерби, треба да имаат предвид дека Сампдорија како домаќин има минимална предност со 2.50 квота на „кецот“, додека 2.80 коефициент носи „двојката“, односно евентуално реми е 3.20 како понуда од Sport Life обложувалници.

- Оглас -

Најнови вести