Феникс изникна од пепел и победи со фантастична тројка од табла во последна секунда (Видео)

Камерон Џонсон одигра фантастичен меч за Феникс санс, рекорден за него со 38 поени, а успеа и да го урне Њујорк никс со тројка од табла од огромна далечина за победа од 115:114.

Драматично беше во „Футпринт центар“ во Феникс и гостите од Њујорк прокоцкаа чиста победа, или најмалку продолженија.

Алек Буркс промаши едно слободно фрлање на 7 секунди до крајот и му дозволи на Џонсон да погоди клучна тројка од повеќе од 8 метри за победа на Сонцата.

Домаќините играа без двете најголеми ѕвезди во тимот, Девин Букер и Крис Пол, но го имаа фантастичниот Камерон Џонсон, со личен рекорд на кариерата од 38 поени.

Никс прокоцкаа и предност од 12 поени пред стартот на последниот период и го претрпеа 11-от пораз на последните 12 натпревари.

За истакнување е и победата на Њу Орлеанс пеликанс против Јута џез со 124:90, што им е четврта по ред по одигрувањето на Ол-стар мечот во Кливленд.

Пеликаните го растурија фаворитот со 34 поени разлика, и играат во топ-форма, а сите четири победи по ред им се со двоцифрена разлика.

Останати резултати: Детроит – Индијана 111:106, Филаделфија – Кливленд 125:119, Вашингтон – Атланта 114:117, Чикаго – Милвоки 112:118, Торонто – Орландо 97:103, Оклахома – Минесота 101:138, Денвер – Хјустон 116:101.

- Оглас -

Најнови вести