Феникс ја игра најдобрата сезона во клупската историја

Екипата на Феникс санс продолжува да реди победи во НБА. Во неизвесен меч, Сонцата славеа sо 115:109 против Јута џез, што е нивен 10-ти триумф во последните 11 средби.

Феникс добро го отвори мечот и во првата четвртина постојано водеше, а во еден момент беше 12 разлика за домаќините (28:16). Сепак, Јута не се предаде лесно и полека ја топеше разликата на противникот, па на крајот од третиот квартал Џезерите стигнаа до предност од 87:85. Беше 95:93 за Јута кога во клучните минути Феникс се разигра и со серија од 12:2, домаќините стигнаа до водство од 105:97, кое не го испуштија до крајот.

Сонцата сега имаат биланс од 37 победи и само девет порази. Никогаш во клупската историја, Феникс по 46 одиграни средби немал толку добар биланс.

Предноста на домашен терен ја искористија и Кливленд со победа од 95:93 против Њујорк, додека Њу Орлеанс славеше со 117:113 против Индијана. Единствен триумф на гости забележа Чикаго кај Оклахома со 111:110.

- Оглас -

Најнови вести