Феникс конечно ја прекина низата порази од Хјустон, Торонто го подобри рекордот (видео)

Феникс конечно по 13 последователни порази во меѓусебните дуели со Хјустон успеа да оствари победа и тоа со убедливи 127:91. Сонцињата цели четири години не можеа да ја прекинат лошата серија против тексашката франшиза, а ноќеска благодарение на расположените Убре и Букер означија крај на таа доминација.

Домаќините стартуваа фуриозно со реализирани 46 во првите 12 минути игра, односно изградија сигурна предност од 20 поени, за потоа да го диктираат темпото до самиот крај на средбата во Аризона. Убре одигра меч на кариерата со своите 39 поени, а му недостасуваше еден скок за да оствари двоен учинок. Одличен беше и Букер со 33 поени и исто така 9 скока, додека Харден немаше помош од Вестбрук, па неговите 32 поени не беа доволни за Хјустон.

https://www.youtube.com/watch?v=atJB-wN_yMU

Шампионот Торонто репторс ја продолжи рекордната серија победи на 13 меча со триумфот од 115:106 на гостувањето кај Индијана. За одржување на одличната низа се погрижи Серж Ибака со дабл дабл од 22 поени и 10 скока, додека Лаури исто така беше ефикасен со 16 поени и 11. асистенции до неговата повреда во третиот период.

Иако во Индијанаполис тешко се издвојува победа, Рептилите го скршија отпорот на домашниот состав во финишот од средбата со серија од 8-0, па сега Торонто сигурно стои на второто место во Источната конференција со вкупно 38 победи по 52 меча.

https://www.youtube.com/watch?v=efCqbV84bA4

Останати резултати:

Филаделфија 119:107 Мемфис, Вашингтон 119:118 Далас, Бостон 112:107 Атланта, Оклахома 108:101 Детроит, Сакраменто 105:97 Мајами, Јута 117:114 Портланд.

- Оглас -

Најнови вести