Феникс му врачи отказ на Кокошков

Раководството на Феникс санс одлучи да го отпушти тренерот Игор Кокошков само по една сезона. Франшизата од Аризона зад себе остави уште една катастрофална сезона во која го израмнија вториот најлош негативен учинок само од 19 победи и 63 порази. Феникс трета сезона во низа заврши на последното место во Западната конференција и има 14 победи помалку од сите останати екипи во НБА-лигата.

Српскиот стратег пред стартот од оваа сезона за првпат доби шанса да води една екипа во најсилната кошаркарска лига откако изминатата деценија ја помина работејќи како асистент, а последен ангажман во таа улога му беше во Јута џез. Иако Кокошков донесе свежина во редовите на Санс, тој се најде на удар на промените во франшизата.

Раководството ќе се обиде да го ангажира асистентот на Филаделфија севентисиксерс, Монти Вилијамс, кој, пак, веќе беше на интервју во ЛА лејкерс и е кандидат да ги преземе „езерџиите“.

- Оглас -

Најнови вести