Феникс „сигурно“ победува, а проблеми во Мајами даваат шанса за Филаделфија!

Над 90 проценти од обложувачите во САД уплатиле на победа на Феникс санс против Далас маверикс во вечерашниот петти натпревар од оваа плејоф-серија на Западот. Засега секој победува дома, па Американците веруваат дека традицијата ќе продолжи и дека Феникс ќе поведе со 3-2.

И Мајами засега успешно го брани домашниот терен, но вечерва против Филаделфија домашните ќе имаат два проблема: повредата на Кајл Лаури, кој нема да игра, и присуството на Џоел Ембид кај 76-ките.

Мајами ја победуваше Филаделфија на првите два меча, но на тие средби Лаури беше стартер, а кај противникот го немаше главниот играч. Сега тоа се менува и Сиксерс со оптимизам влегува во дуел, иако според квотите, Жешките се фаворити.

- Оглас -

Најнови вести