Феникс во директен дуел ќе ја тргне Јута од врвот на Западот

8427 Феникс санс – Јута џез (04ч)

Ова е петти и последен меѓусебен дуел на Феникс и Јута во регуларниот дел од сезоната, по кој може да дојде до смена на врвот на Западот доколку Сонцињата го одбранат домашниот терен. По две победи на двете страни во досегашните меѓусебни пресметки делат најдобрите две екипи од Западната конференција, кои во дербито ќе влезат со идентична форма од три победи и два порази.

Домашната победа на Сонцињата на 8 април беше прва против Јута по серија од четири порази во Аризона, па затоа се предвидува нов пад на Џезерите кои имаат петти најдобар учинок на Западот кога во прашање се гостинските натпреври.

Предлог тип 1 (1.57)

 

8001 Филаделфија севентисиксерс – Атланта хокс (01ч)

Традицијата оваа сезона вели дека домаќинот во дуелите меѓу Филаделфија и Атланта ги добива домаќинот, па затоа може да се очекува триумф на Сиксерси иако веќе им е обезбеден пласманот во плејофот.

Атланта стигна до местата кои водат директно во разигрувањата, но влезе во мини-серија од два порази и тешко дека ќе се врати во победнички ритам против Филаделфија која сезонава претрпе само седум порази на домашен терен. Разиграниот Ембид ќе биде назадржлив за Јастребите и преку него ќе се остварува убедлива победа.

Предлог тип: 1 & >219,5 поени (2.50)

 

8186 Џејсон Тејтум (Бостон селтикс – Сан Антонио спарс, 01:30ч)

Бостон мора да влезе во победничка серија ако сака да биде меѓу шесте екипи од Истокот кои директно одат во разигрувањата. Моментално Селтикси имаат идентичен учинок од 33-30 со седмопласираниот Мајами, па затоа ноќеска мора да се победи Сан Антонио и да се задржи шестото место.

Патот до победата го знае Џејсон Тејтум, првата ѕвезда на Бостон, кој беше блиску до трипл-дабл од 35 поени и по 8 скока и асистенции во триумфот над Атланта пред една ноќ. Повторно се очекува Тејтум да го надмине својот просек во поени.

Предлог тип: Тејтум >26,5 поени (1.87)

 

8424 Бруклин нетс – Портланд трејлблејзерс (02ч)

Со Дурант на врво ниво, Бруклин не мора да се плаши од пораз од Портланд иако Харден и Ирвинг ноќеска нема да играат против Блејзерси. Нетси ја добија првата овосезонска пресметка со Портланд, па сега ќе се обидат да слават и на домашен терен со цел да го одржи врвот на Истокот.

Портланд во наредните натпревари ќе ја продолжи битката за пласман во разигрувањата, бидејќи во овој меч нема да бидат доволни шутерските способности на Лилард и Мекколум.

Предлог тип: 1 (1.93)

 

8428 ЛА лејкерс – Сакраменто кингс (04:30ч)

Со враќањето на Дејвис, Лејкерси се поопасни од претходниот период во кој тешко доаѓаа до победи, па сега е време да се поправи формата која моментално стои на една победа во последните пет меча. Сакраменто со секој нареден меч ги губи шансите да дојде до 10-тото место на Западот кое води во плејин фазата.

Сакраменто од април 2018 година нема победено во „Стејплс центарот“, односно загуби четири последователни гостувања кај Езерџиите, а не се гледа сценарио во кое Езерџиите ќе претрпат изненадување и крај на победничката серија против Кингс.

Предлог тип: 1-1 (1.66)

- Оглас -

Најнови вести