Феномен: девојката на Роналдо е трудна, а тој се стерилизираше пред 11 години

Некогашниот славен бразилски фудбалер, Роналдо Луис Назарио да Лима, познат како вистинскиот Роналдо, ќе стане татко по петти пат, но овојпат целата работа е малку поинаква од претходните четири случаи.

Роналдо кој е 44-годишен, има четири деца од три различни жени, а сега е трудна и неговата девојка Селина Локс. Интересно е што Роналдо пред 11 години направи вазектомија (стерилизација), па многумина се прашуваа како тој повторно направил дете. „Трикот“ е во тоа што пред две години тој замрзнал одредени количини од неговата сперма, па еден дел искористи сега.

- Оглас -

Најнови вести