Феномен во Серија А – Првпат по пола век премиерното коло се одигра без нерешен резултат

Изминатиот викенд стартуваше новата сезона во фудбалската Серија А, а првото коло донесе феномен каков што не е виден од сезоната 1971/72. Ниту еден од 10-те натпревари не заврши со реми, односно не се делеа бодови.

Пет победи остварија гостински екипи, а пет домашни, останатите 10 запишаа пораз за перфектен баланс на табелата по првото коло. На три бода се израдуваа Наполи, Јувентус, шампионот Милан, Аталанта, Фиорентина, Интер, Лацио, Торино, Специја и Рома.

Инаку, ова се случува по четврти пат во историјата на најелитниот италијански фудбал. Претходно феноменот е забележан во сезоните 1933/34, 1934/35, како и 1971/72.

- Оглас -

Најнови вести