Феноменален гол во втората Бундеслига (Видео)

Тунижанецот Сами Алагуи на вчерашното дерби од втората Бундеслига помеѓу Сент Паули и Унион Берлин постигна ефектен гол кој заслужува да се види.

Со овој прекрасен волеј, Алагуи му донесе водство на својот тим од 1-0, а средбата заврши 3-2, откако Мајер во 94-тата минута даде гол од пенал за триумф на домашните. Претходно, Унион Берлин даде голови во 84-тата и 86-тата минута, па негативата од 0-2 ја претвори во 2-2, но во финишот на судиското продолжение сепак победи Сент Паули, кој сега е втор на табелата.

https://streamable.com/hd42n

- Оглас -

Најнови вести