Феноменални слободни удари донесоа поволни резултати за Шериф и Лудогорец (видео)

Франк Кастањеда постигна одличен погодок од слободен удар вреден за водство од 1-0 на Шериф на гостувањето кај Црвена ѕвезда во 33-тата минута од првиот меч од третото квалификациско коло во Лигата на шампионите. Капитенот на екипата од Тираспол го измами голманот Борјан од околу 20 метри, кој пак лошо го процени шутот и дозволи неговата мрежа да се затресе.

Пред паузата, Диони израмни на 1-1, што беше и краен резултат на мечот во Белград, бидејќи гостите не искористија ситуација со играч повеќе на теренот по исклучувањето на Канга во 58-мата минута.

https://streamable.com/rdbzar

 

Идентично реми од 1-1 одиграа Олимпијакос и Лудогорец, со тоа што грчкиот шампион се вадеше од пораз во финишот од средбата преку Камара. Овој резултат е поволен за првакот на Бугарија благодарение на мајсторијата на Кирил Десподов во 50-тата минута.

Крилото на Лудогорец ја изведе мајсторијата од слична позиција како Кастањеда против Ѕвезда, за молк на трибините, но домаќините со мала доза на среќа дојдоа до израмнување во 87-мата минута.

Голот од слободен удар на Десподов можете да го видите ТУКА.

- Оглас -

Најнови вести